Петре Шилегов си заминал од функцијата градоначалник на Град Скопје, без да ги потпише решенијата за субвенционирање на платите во градските јавни претпријатија, брифираaт за Фактор извори од општинската администрација.
„Шилегов го остави градот во хаос, а вработените во јавните претпријатија под Град Скопје без плати. Петре Шилегов, претходниот градоначалник на Град Скопје, си заминал од функцијата оставајќи го градот во тотален хаос. Наши извори брифираат дека Шилегов го напуштил кабинетот без да ги заврши постапките за субвенции за плата за вработените во јавните пријатија што се под Град Скопје, а истите јавни претпријатија поради лошо менаџирање, за само четири години ги направил загубари“, се наведува во прилогот на порталот.
Шилегов го напуштил градоначалничкиот кабинет на 8-ми ноември, додека Арсовска отпочна процедура за упис во Централниот регистар и засега не може административно да постапува.
„Налозите не биле потпишани ни испратени, иако тој имаше 8 дена да го стори тоа, за да може да бидат платени придонесите за сите вработени и да биде исплатена платата. Дали со ова Шилегов свесно креирал криза за вработените во јавните претпријатија, но и за градот?“, велат извори за Фактор.
Арсовска веќе е на функција, но, како што информираат, сѐ уште трае процедурата додека административно да го преземе управувањето со градот. Во меѓувреме, стотици вработени од јавните претпријатија под надлежност на градот, нема навреме да земат плата. Најкритични кои зависат од субвенции од градот се ЈП Улици и патишта и ЈСП.