Ги покачивме платите на наставниот кадар за 55%

Интегрално соопштение од СДСМ:

СДСМ во изминатите шест години сериозно инвестира во унапредување на образованието, како во човечкиот капитал, така и во подобри услови за одржување на наставниот процес.

Платата на наставниот кадар во изминатите шест години владеење на СДСМ е покачена за 55 отсто.

Освен во платите, инвестираме и во инфраструктурата во образованието, реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта.

Продолжуваме со капитални инвестиции и вложувања во подобри инфраструктурни услови за образование, како еден од врвните приоритети.

СДСМ работи на достоинствено вреднување на трудот на наставниците, создава современо образование за секое дете, која ќе ја движи државата напред.