Ги средив двете, сега мене ми е редот, рекол убиецот од Крушевац на татко му по грозоморното убиство

Таткото на Зоран Р (54) кој утрово во Крушевац, тешко ја ранил љубовницата, ја убил сопругатам, а потоа си пресудил себе си, за српските медиуми откри дека разговарал со својот син и тој му кажал што направил

– Бевме во Велика Дренова, работевме на калеми, кога син ми ми се јави и рече дека „и ги средил и двете и дека сега на него е редот“. Не верував што ми кажува. Ни тргна во пресрет од Крушевац, се сретнавме по пат, ми даде некои хартии, потврди за кредит што го зел. Тргнав кон Милутовац со трактор, а тој по мене со автомобил, кога се свртев, видов дека разговара на телефон и ми замавна со раката да продолжам. Не отидов многу далеку кога го слушнав истрелот. Се вратив назад, но веќе беше готово…“ – изјави Ратко Р., таткото на убиецот за Новости.рс.

Тој раскажа и дека неговиот син бе бил законски разведен од сопругата со која бил во брак 30 години, но дека живеел со другата жена.

– Не се разведе законски од сопругата, заедно беа 30 години, родија две прекрасни ќерки, имаат четири внуци… Не знам зошто му требаше сето ова. Му реков дека не е во ред што почна да живее со таа друга жена, но тој не ме послуша. Беа во долгови, тој постојано се задолжуваше. Помогнав колку што можев, но имам и уште еден син, не можев повеќе… Ова е страшна несреќа – вели несреќниот човек.