Претстои јубилејно, петто издание на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“. И оваа година, во реткиот месец со 28, најмалку дена во годината, гражаните ќе бидат запознаени со ретките болести.
Кампањата годинава е посветена на оние кои се полни пет години со здружението „кои се нашиот ветер во грб и наша најсилна поддршка – здравствени работници, на кои им благодариме за вложувањето во кампањите. Без Вас немаше да успееме. Продолжуваме заеднички да ги менуваме работите на подобро“, велат од здружението „Ретко е да си редок“ со седиште во Охрид.
„Ќе ја запознаеме јавноста со 28 нови дијагнози, кои преку соодветни текстови, графички, видео и аудио материјали ќе ги испратиме до сите преку нашите големи пријатели и поддржувачи – медиумите, кои и оваа година несебично застанаа зад нас. Со овој проект сакаме да ја подигнеме јавната свест со цел да ги доближиме проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести и нивните семејства.
Сите детали за годинешното издание ги појаснија дел од здравствените работници кои работеа на кампањата: Проф.д-р Велибор Тасиќ, Проф. д-р Данко Милошевиќ од Хрватска (кој ќе сподели искуства за третманот на ретките болести во Хрватска), Доц. д-р Иван Барбов, Д-р Нора Абази Емини, Проф.д-р.Тодор Арсов, Д-р Гордана Доневска, Д-р Моника Ѓореска, Прим. М-р сци. Д-р Габриела Тавчиоска. Д-р супспец. нефролог Николина Смоковска, Д-р Емел Даути Јахија, Д-р Александра Ангелова, Д-р Бисера Цветковска, Д-р Дијана Шуменковска и Д-р Арменд Арслани.