„Ги знам најдобрите зборови“, објавена книга со „поезијата“ на Трамп

„Ги знам зборовите. Ги знам најдобрите зборови“, изјави еднаш американскиот претседател Доналд Трамп. Сега тие зборови се објавени како „збирка поезија“ во Норвешка.

„Она што го зборува Трамп е поблиску до поезијата отколку до стварноста“, за норвешкиот весник Aftonposten авторот на збирката Крис Фелт.

„Бевме запрепастени што со својата реторика, со којашто, се чинеше, излгедаше целосно непромислено, победи на изборите“, вели Фелт.

Книгата е објавена под насловот „Да ја направиме поезијата повторно голема“, што е парафраза на предизборното мото на Трамп.

Содржината е составена исклучив од говори, интеврјуа и други изјави на Трамп од последните години. Меѓу нив е и изјавата од пред десет години за неговата ќерка: „Реков/ Иванка ќерка/ да не ми беше/ можеби со неа би одел..“

Фелт вели дека неговите изјави може да бидат „сексистичи, кутри и збрчкани“, но кога цитатите имаат празен простор околу себе, во нив гледа и други аспекти.

Читајќи ги неговите зборови како поезија, Фелт вели дека во нив почувствувал „очај, несигурност и комплекс на пониска вредност“.

Издавачката куќа „Kaggan го отпечатила првото издание во 2.000 примероци, а еден е испратен и во Белата куќа.