Гибралтар може да влезе во Шенген по брегзитот

Британската енклава на Иберискиот полуостров би можела да му се придружи на шенгенскиот простор со што би ја гарантирала слободата на движењето на неговата граница со Шпанија, откако Обединетото Кралство ќе ја напушти Европската унија на крајот од јануари, изјави во интервјуто за AFP, премиерот на британската прекуморска територија, Фабиан Пикард.

За оваа мала енклава од 6,2 квадратни километри на јужниот дел на Иберискиот полуостров и е најблиското европско копно до Африка од пресудно значење е протокот на сообраќајот на неговиот единствен граничен премин со Шпанија, којашто инаку со децении полага право на Гибралтарскиот ‘рт, што Велика Британија го одбива.

Предлогот на шефот на гибралтарската колонијална влада, Фабијан Пикардо, доаѓа на помалку од две седмици пред брегзитот, по што од 1-ви февруари започнува единаесетмесечниот преоден период во текот на кој Лондон и Бирсел ќе мора да преговараат за иднината на своите односи.

„И пред брегзитот разговаравме за можноста Гибралтар да влезе во шенгенскиот простор“, вели Пикард за подрачјето коешто опфаќа 26 земји, од кои четири не се членки на ЕУ, а меѓу коишто може да се патува без пасош.

Обединетото Кралство никогаш не сакаше да се придружи на шенгенскиот простор, но доколку во просторот влезе Гибралтар „тоа ќе биде позитивно“, смета Пикардо.

„Има ли смесла за Европската унија 2,5 квадратни километри на крајниот југ од полуостровот да не бидат пристапни за европските граѓани? Мислам дека не“, смета шефот на владата Гибралтар.

Можноста за што поедноставен премин на границата во интересот на енклавата со околу 300.000 жители, како и Шпанците кои таму се вработени. Речиси 14.000 работници, од кои големо мнозинство го прават Шпанците, но и државјани од сите националности постојано населени во Шпанија, секојдневно ја преминуваат границата, бидејќи работат на Гибралтар. Меѓу нив се и 2.500 Британци поради пониските цени на недвижнините. Тие речиси секојдневно минуваат преку граничниот премин пешки или со автомобил.

„Погледнете ги другите микродржави во Европа. Нивните државјани уживаат во слободата на движењето во Шенгенот, дури и ако не се целосно интегрирани во системот за размена на инфроамциите. Сето тоа ќе го земеме предвид во преговорите коишто се следуваат“, рече Пикардо.

Алудираше на тоа што Лихтештајн, на пример, е таква микро-држава и членка на Шенгенскиот простор, а не е членка на ЕУ.

Откако во јуни 2016 година Британците гласаа за излегување од ЕУ, Шпанија го преформулираше својот предлог суверенитетот над Гибралтар да се подели меѓу Мадрид и Лондон. Меѓутоа, државјаните на Гибралтар, кои таквата идеја ја отфрлија со референдум во ноември 2002 година, и натаму го имаат истиот став.

Но Пикардо е оптимист кога станува збор за односите со новата лево ориентирана коалициска влада во Мадрид. Вели дека социјалистичкиот премиер Педро Санчез изразил желба „да се направи обид работата да се согледа надвои од постојаната кавга во поглед на суверенитетот, за да се започне да се работи на подобрување на економската ситуација во регијата“.