Гичевски: Повлечениот учебник по историја имаше суштински грешки

Учебникот за историја за петто одделение е повлечен од настава откако предизвика бурни реакции во јавноста, а најмногу реагираа историчарите.

– Апсолутно неписмениот човек можете да го научите, но оној кој е погрешно научен не можете да го исправите. Учебникот се повлекува две недели пред крај на учебната година, а на крај направи голема штета, вели Васко Гичевски од Здружение на историчари во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Според него, во учебникот имаше премногу грешки а Здружението на историчари имаа 30 страници забелешки. Гичевски вели дека има погрешни наслови и содржини како на пример дека Никола Тесла ја измислил струјата што не е можно да се измисли нешто што постои во природата и низа други вакви грешки.

– Сега е донесено решение за комплетно повлекување на учебникот и ќе се оди на правење нов учебник. Наставниците ќе реализираат настава според постојната програма, но без учебник односно наставникот ќе диктира или копира материјали од постари учебници за да им го олесни процесот на учење на учениците, вели Гичевки и додава дека и самата програма е лоша.

Гичевски вели дека ако имате лоша програма, а учебникот произлегува од програмата тогаш логично е да биде лош.