Кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, Шej Гилџес-Александер (25) е добитник на наградата за најдобар спортист во Канада во 2023 година.
Со 24,5 поени по натпревар годинава, 25-годишниот Гилџес-Александер ја предводеше канадската репрезентација до бронзениот медал на Светското првенство, што е прв трофеј за земјата во кошарка.
Во дресот на Тандер во НБА лигата имаше просек од 31,4 поени, што му го обезбеди статусот „Ол-стар“ играч.
Со ова признание стана вториот кошаркар кој ја освоил наградата спортист на годината во Канада, по Стив Неш во 2005 година.