Гинис прогласи португалски пес за најстариот на светот

Куче домашен миленик во Португалија влезе во Гинисовата книга на рекордите како најдолговечното на светот, објавено е во петокот.

„Боби (датум на раѓање 11-ти мај 1992-ра) не е само најстариот жив пес, туку е и најстарото куче на светот воопшто. На 1-ви февруари 2023-та Боби наполни 30 години и 266 денови“, се наведува во објавата на веб-страницата на организацијата која ги проверува и бележи светските рекорди и најголемите достигнување во бројни, па и бизарни категории.

Датумот на раѓањето на кучето Боби е потврден во базата на податоци за домашните миленици, во португалскиот национален сојуз на ветеринарите. За неговата раса – Рафејру де Алентажу (аленташки мастиф), просечниот животен век се движи меѓу 12 и 14 човечки години.

Претходниот долговечен рекордер од книгата на рекорди беше женка од австралиската овчарска раса по име Блуи, која живела 29 години во сојузната државаа Викторија во југозападна Австралија и била евтаназирана во 1939 година поради тешка болест. Нејзината возраст е потврдена и со документи. Записот за кучето по име Чила, кое почина во 1984 година, не беше конечно потврдено – мешанка од лабрадор ретривер и австралиско овчарско куче. Според зборовите на нејзиниот сопственик, таа имала 32 години и 3 дена.

Сопственикот на Боби, верува дека причината за долговечноста на неговиот миленик се должи на мирната, смирувачка средина далеку од градската врева. Кучето целиот свој живот го минува во селото Кокејруш во областа Лерија во западна Португалија.

„Кога треба да избира меѓу конзервирана храна за животни или парче месо, тој не се двоуми да се одлучи за нашата храна“, вели сопственикот.

Истакнува дека песот никогаш не бил чуван на синџир или на поводник.

„Боби е посебен затоа што гледајќи го него, си споменуваме на луѓето кои беа дел од нашето семејство и коишто, за жал, повеќе не се со нас, како мојот татко, братот или бабата и дедото“, споделува сопственикот на песот.

Миленикот претставува неколку поколенија од нашето семејство, истакнува сопственикот.

Како што изјавил сопственикот на кучето Лиунел Кошта, кутрето Боби за чудо ја избегнало смртта. Неговите браќа и сестри биле закопани живи во јамата веднаш по нивното раѓање, бидејќи семејството веќе имало премногу кучиња. Самиот Боби не бил пронајден во темната барака, каде што подоцна го пронашле Лиунел и неговиот брат, кои тогаш биле деца. Момчињата го криеле кутрето од возрасните додека не му се отвориле очите, по што, според локалниот обичај, веќе не било можно да се ослободат од кученцата.