![dameva gir](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/dameva-gir.jpg?resize=696%2C357&ssl=1)
Амбасадор Дејвид Гир, Шеф на Делегацијата на Европската Унија денес се сретна со претседателката на Судскиот совет , Весна Дамева.
Како што соопштуваат од Судскиот совет на остварената средба, амбасадорот ја поздрави одлуката на Управниот суд и даде поддршка во понатамошното постапување на претседателката Весна Дамева, како и во идните активности и заложби на Судскиот совет, со цел да се обезбеди владеење на правото и враќање на довербата на граѓаните.
Амбасадорот Гир посебно се осврнал на препораките на ЕК, потенцирајќи дека 17 од 40-те препораки содржани во извештајот на оценската мисија на ЕК, можат веднаш да се спроведат, бидејќи се краткорочни, не бараат уставни и законски измени, и зависат од самиот Судски совет.
Дамева, го информирала Гир дека уште во текот на наредната недела ќе се одржи работилница финансирана во рамките на ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, на која ќе се разгледуваат и донесат заклучоци за секоја од препораките на Оценската мисија.
Амбасадорот Гир изразил надеж дека Судскиот совет ќе пристапи и кон реализација на активностите содржани во новата Стратегија за правосудството, кои во значаен дел се однесуваат и на натамошното функционирање на Судскиот совет.
Холандската Амбасада денеска објави дека амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп имал средба со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева.
- Холандија сега силно ќе размисли за рестартирање на проектот со Судскиот совет кој беше суспендиран во мај, минатата година, се наведува на Фејсбук статусот на Амбасадата на Холандија.