Гиш објасни зошто прифатил да пее за Северна

Колку е морално Сашо Гигов – Гиш да учествува во спотот за поддршка на референдумот, со оглед на неговото минато и тврдите ставови за името на нашата држава. Познатиот уметник учествуваше во речиси сите поголеми кампањи на претходната власт, а сега прифати да пее за европска Македонија.

Во изјава за Независен Гиш вели: „Ми се јави мојот драг пријател, пејачот Арбен – Бени Шаќири и ме праша дали сакам да учествувам во спотот. Ми ја пушти песната. Ми се допадна и прифатив. Како секој нормален човек, иднината на Македонија ја гледам во Европа. Нема никаква политичка заднина, туку во прашање е здравиот разум. Тоа е мојот личен избор и перцепција“.