Гитарата на Рори Галахер на аукција би можела да достигне цена од 1,28 милиони долари

Гитарата „Fender Stratocaster“ на ирскиот музичар Рори Галајер, наречен „најпрепознатливиот Страт во историјата на рокот“ поради неговиот истрошен изглед, ќе се најде на наддавање подоцна годинава и се проценува дека ќе достигне цена од 1,28 милиони долари.

Галахер ја купил електричната гитара на кредит во 1963 година за сто фунти од продавницата „Crowley’s Music Store“ во јужниот ирски град Корк и на неа свиреше во текот на целата негова кариера.

„Познат по своите наелектризирани настапи во живо, ова е гитарата што ја користеше на сцената и во студиото“, рече во средата Клер Толе-Моар, шефиц на одделот за популарна (поп)култура во аукциската куќа Bonhams.

„Постои и легенда дека тоа беше првиот Fender Stratocaster кој дошол во Ирска. Значи, тоа е важна гитара на Fender, покрај тоа што е важна гитара на Рори Галахер“, додаде таа.

Експонатот „Fender Stratocaster“, кој се проценува дека вреди меѓу 700 и милион фунти, е главниот предмет меѓу 150-те на аукцијата посветена на ирскиот музичар, која ќе се одржи на 17-ми октомври во Лондон.

Галахер почина во 1995 година на 47-годишна возраст, а предметите ги продава неговото семејство.

Неговиот „Stratocaster“ веќе бил дел од изложби, свирени од други гитаристи како Џо Бонамаса и Џони Мар од The ​​Smiths.

„Се смета за најпрепознатливиот Fender Stratocaster во светот поради… неговиот необичен изглед, но има навистина посебен изглед и сите го поврзуваат со Рори“, додава Толе-Моар.