Гитаристот Брајан Меј од „Квин“ доживеал срцев удар!

Брајан Меј, гитаристот од групата „Квин“,  доживеал срцев удар.

72-годишниот Меј почувствувал болка во градите која траела околу 40 минути и бил однесен во болница, а лекарите му откриле дека има три блокирани артерии.

„Имав мал срцев удар. Велам мал, не ми наштети многу, за среќа. Околу 40 минути чувствував болка во градите и стегање, грч во рацете и потење“, напиша Брајан на Инстаграм.

Му била извршена рутинска операција, на која му вградиле три стента, а потоа е пуштен на домашно опоравување.