Швајцарскиот тенисер Станислав Вавринка го направи најголемите изненадување во четвртфиналето на првиот грем слем турнир годинава Австралија опен. Тој од турнирот го елиминира четирикратниот шампион и бранител на титулата Србинот Новак Ѓоковиќ со 2:6, 6:4, 6:2, 3:6, 9:7.
Ова е прв пласман за Вавринка во полуфиналето на турнирот во Мелбурн, каде ќе ги одмери силите со Чехот Томас Бердих, кој во првото четвртфинале беше подобар од Шпанецотр Давид Ферер со 6:1, 6:4, 2:6, 6:4.