Радмила Шекеринска, како вицепремиеро во 2005 година, ја вработила сестрата на сопругот Лира Секуловска како раководител на Сектор за општи работи и буџет во Секретаријатот за европски прашања, открива денеска Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ.
„Не ја вработува и ангажира на друго, нормално место во администрацијата на Секретаријатот, туку директно ја назначува за Раководител на секторот кој е надлежен за финанското работење на секретаријатот. Сестрата на сопругот на Шеќеринска добила задача да се грижи за финансиите во институција раководена од Шеќеринска. Поголема дрскост од ова во Македонија се нема случено. Дополнително, но и уште пофрапантно, само два месеци подоцна, сестрата на сопругот на Шеќеринска, Лира Секуловска, од страна на Секретаријатот добива целосно овластување за реализација на средствата за дури четири жиро сметки за донации во Секретаријатот за европски прашања“, вели Ѓорчев.
Според Ѓорчев, ова е класичен пример на непотизам и тоа поврзан со раководење со пари на Секретаријатот и пари од странска помош за Македонија.
„Очигедно Радмила Шекеринска во секторот со кој раководела го претворила во свој пашалук. Си вработувала најблиски роднини на најзначајните позиции, а како што видовме и од претходно објавените документи, средствата од странските донации завршувале во џебовите и на сметките на нејзините најблиски роднини и братучеди“, истакнува Ѓорчев.
Тој праша колку средства од четирите жиро сметки за донации со кои управувала Секуловска завршиле на фирмите на роднини на семејството на Шекеринска или на други раковидители на СДСМ.