
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска со победа го започна турнирот во Анталија.
Ѓорчевска, која е четврта носителка на овој турнир, ја совлада Ким Фонтана од Швајцарија со 2:0 (7:5 , 6:1) и се пласираше во второто коло. Противник во следното коло ќе и биде Стефани Арсова од Бугарија.