Ѓорѓиев: Европа ја зголемува старносната граница за пензионирање, Македонија нуди избор

Македонија на вработените им нуди избор за тоа кога ќе одат во пензија, рече на денешната прес-конференција, Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата на Република Македонија.

„Додека европските земји поради економската криза ја зголемуваат старосната граница за одење во пензија, Македонија преку новата реформа дава право на избор за тоа кога работникот да го заврши својот работен век. Со оваа реформа се унапредуваат работничките права“, рече Ѓорѓиев.

Според новите измени во кои се предвидени три дополнителни години за работа, мажите можат да работат до 67, а жените до 65 години.