![Milo-Djukanovic](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/Milo-Djukanovic.jpg?resize=495%2C345&ssl=1)
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјавил дека НАТО претставува најдобра и најефикасна рамка за понатамошниот напредок за стабилноста и безбедноста, како на Црна Гора, така и на регионот, пренесе радио „Б92“.
„Не треба да заборавиме во каков регион живееме. Војуваа нашите дедовци, потоа нашите татковци, а и нашата генерација е сведок на војна. Не треба да дозволиме тоа да им се случи и на нашите деца“, изјавил Ѓукановиќ.