Ѓул: Не е можно гасење на Фејсбук и Јутуб

Турскиот претседател Абдула Ѓул, по најавите на премиерот Реџеп Таип Ердоган, дека по локалните избори може да ги забрани Фејсбук и Јутуб, изјавил дека тоа нема да се случи.

Ердоган рече дека по локалните избори на 30-ти март во Турција би можеле да бидат забранети Фејсбук и Јутуб, кои, како што вели, ги злоупотребуваат неговите политички противници.

„Нивно исклучување не доаѓа предвид“, категоричен е Ѓул кој бил замолен да ги коментира најавите на Ердоган.