![abdullah-gul-turkey-president](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/abdullah-gul-turkey-president.jpg?resize=610%2C305&ssl=1)
Турскиот претседател Абдула Ѓул изјавил дека нема да биде кандидат на претседателските избори кои ќе се одржат во земјата на 10-ти август.
„Јас нема да се кандидирам. За тоа и пред локалните избори на 30-ти март разговарав со претседателот на Партијата за правда и развој Реџеп Ердоган“, рекол тој.
Ѓул функцијата на претседател ја обавува од 2007 година и ќе биде последнит кој го избрал парламентот на Турција.
Според Изборниот законик на Врховната изборна комисија на Турција, вчера отпочнал процесот на предавање на барањата за кандидатура кој ќе трае до 3-ти јули. Барањето за кандидатура се предава на претседателот на парламентот или директно на Изборната комисија.