Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев и Даниела Рангелова утринава излегоа на избирачките места и го остварија своето право на глас на референдумот.
Данев е координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот додека Рангелова е претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, го оствари своето избирачко право на денешниот референдум. На гласачкото место, тој пристигна со својата сопруга и едно од децата. По гласањето, се сретна со јапонски новинари
Опозицијата не зазеде конкретен став за референдумот. Претседателот, Христијан Мицкоски, им порача на членовите сами да решат дали ќе гласаат или не.