Гласачите со референдум го отповикаа градоначалникот на Франкфурт

Петер Фелдман, контроверзниот градоначалник на Франкфурт, германскиот финансиски центар, е сменет на граѓански референдум, покажуваат резултатите од гласањето во неделата.

Повеќе од 95 отсто од избирачите гласале за отповикување на Фелдман, политичар од владејачката на сојузно ниво Социјалдемократска партија на Германија (SPD). Се соочува со обвинувања за корупција, а мандатот му беше исполнет и со гафови.

„Тоа значи дека во петокот повеќе нема да бидат градоначалник“, коментираше Фелдман признавајќи го поразот и алудирајќи дека конечниот резултат од референдумот ќе биде соопштен тој ден.

Веќе со месеци наназад овој 64-годишен политичар е под притисока и против него се води случај пред судот во Франкфурт поради сомневање за корупција.

Покрај тоа, познат е и по гафовите, како оној кога во историскиот градски совет Ремер го грабна пехарот на фудбалскиот клуб Ајнтрахт. Водството на клубот тогаш го прогласи за несакано лице на својот стадион.