Поранешниот ракометар на Металург Лука Циндриќ од идната сезона ќе го носи дресот на лутиот ривал Вардар.
За Лука Циндриќ и неговото преминување во Вардар се пишуваше пред неколку месеци, а како што пишува “Македонски спорт”, соработката е официјализирана вчера.
Лука Циндриќ ги решил административните работи со Металург, па како слободен играч се сели во црвено-црниот дрес.