
Најмалку три ракети се истрелани во саботата од Етиопија врз главниот град на Еритреа, пренесе Reuters повикувајќи се на пет регионални дипломати, во големата ескалација на судирите меѓу етиопските сили и бунтовниците од регионот Тиграи.
Тројца дипломати за агенцијат тврделе дека две ракети го погодиле аеродромот во Асмара, но таа информација не е потврдена од независни извори.
Во петокот доцна ноќта со ракети биле два аеродрома во близина на етиопскиот регион Тиграи. Владата на Етиопија за нападот ја обвини партијата која владее во Тиграи, Народно-ослободителниот фронт на Тиграи (TPLF).
Во раните утрински часови во саботата по локално време од TPLF се заканија дека ќе нападнат цели во Еритреја, која со Етиопија потпиша мировен договр пред две години.
„Ќе лансираме ракети за да спречиме секакво вмешување на војската во Асмара и Мисава“, порача портпаролот на TPLF, Геташев Реда за локалната телевизија.
Масава е еритрејски пристанишен град на Црвеното Море.
Етиопскиот премиер Абији Ахмед, добитник на Нобеловата награда за мир поради затоплување на односите со Еритреја по децениите конфронтации, ја испрати националната армија во офанзива против локалните единици на Тиграи, потккао ги обвини дека ги нападнале владините сили во регионот кој граничи со Еритреа и Судан.
Во борбите загинале повеќе стотици лица на двете страни, а илјадници цивили побегнале во соседен Судан, што ги загрижи меѓународните организации кои стравуваат дека може да дојде до дестабилизација на другите делови на Етиопија во регионот Рогот на Африка.
Етиопската Комисија за човекови права, којашто ја именуваше владата но дејствува независно, обајви дека испраќа група набљудувачи и иследници во градот Маи Кадра во Тиграи, отокао меѓународната организација за човекови права Amnesty International претходно седмицава извеси дека таму постојат докази за масовни убиств. Соопштено е дека комисијата ќе ги истражи сите наводни случаи на кршењето на човековите права во судирот.