Британската фармацевтска компанија „GlaxoSmithKline“ (GSK) во четвртокот поднесе тужба до федералниот суд во Делавер против американскиот фармацевтски гигант „Pfizer“ и германската фармацевтса лабораторија „BioNTech“, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на „информативнаta“ рибонуклеинска киселина (mRNA)во вакцините против ковид-19.
Вакцините „Comirnaty“ на „Pfizer“ и „BioNTech“ ги нарушуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна „инфоративна“ (или „гласничка“) РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на „Novartis“ во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара од „Pfizer“ и „BioNTech“ парична отштета, вклучително и надомест за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на „Pfizer“ вописмената изјава наведува дека компанијата е „сигурна во својата позиција во врска со интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на „BioNTech“ одбил за Reutes да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против квид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
„Pfizer“, „BioNTech“ и „Moderna“ веќе поднесоа низа тужби пред американските судови, оспорувајќи ги авторските права за патенти за технологијата што се користи во вакцините.
Минатата година „Pfizer“ заработи 11,2 милијарди долари од продажбата на „Comirnaty“, а „Moderna“ заработи 6,7 милијарди долари од продажбата на вакцината „Spikevax“. Износите се значително помали од петходната постпандемиска 2022 година.
GSK го тужеше „Pfizer“ минатата година за кршење на патент на технологијата што се користи во вакцината „Abrysvo“ за респираторниот синцицијален вирус (RSV) на „Pfizer“, кој ги негира наводите во тужбата на GSK.