Глен Клоус номинирана за Оскар и Златна малина за иста улога

Глен Клоус е најдобрата или најлошата актерка изминатата година, според последните две номинации. Оваа 73-годишна актерката од Кенктикат во понеделникот ја заслужи својата осма номинација за најзначајната награда во киметатографијата Оскарот за споредна женска улога во филмот „Горшачката елегија“ во продикција на Netflix.

И покрај претходните седум номинации, меѓу кои и оние за филмските класици „Фатална привлечност“ и „Опасни врски“, Клоус сѐ уште го нема Оскарот.

Годинава Клоус годинава за златната статуетка ќе биде во конкуренција со Оливија Колман, Марија Бакалова, Аманда Дејфрид и корејската актерка Јун Јеџон (Youn Yuh-jung).

Меѓутоа, Клоус има можност да победи и на една друга додела на признанија, иако со неа веројатно е дека неа да се гордее. Минатата седица таа беше номинирана за Златната малина, за најлоша женска според улога, за истата улога во истиот филм.

Ова е само третпат ваков случај во историјата на двете награди. Џејмс Коко беше и најдобар и најлош во 1982 година за ролјата во филот „Само кога се смеам“, и Ејми Ирвинг две години подоцна за улогата во „Јентли“. И во двата слуачи се остана само на номинациите.

Неколку други актерки и актери, како на пример Сандра Булок, Мелиса Меккарти, Ума Турман, Алек Болдвин и Еди Редмејн, беа номинирани за Оскари и Златни малини иста година, но за разлучни улоги. Булок, дури, ги освои и двете.