Светскиот јавен и приватен долг во 2021 година значително паднал по највисоката стапка во последните 70 години, откако ги достигна рекордните нивоа поради влијанието на пандемијата на Covid-19, но вкупно останал значително над нивото од пред пандемијата, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF).
Во блогот објавен со Global Debt Monitor, ММФ објави дека во 2021-ва вкупниот јавен и приватен долг паднал за 10 процентни поени на 247 отсто од глобалниот бруто домашен производ (БДП), од највисокото ниво од 257 отсто во 2020 година. Во годината пред глобалната финансиска криза 2007-ма, изнесуваше околу 195 отсто од БДП-то.
Изразен во американски долари, глобалниот долг продолжил да расте, иако со значително побавна стапка, достигнувајќи минатата година рекордни 235.000 милијарди долари. Се очекува дека уделот на долгот во 2022 година дополнително ќе падне во повеќето земји поради номиналниот раст на БДП-то.
Наведувајќи ги податоците од 190 земји и региони, ММФ објави дека приватниот долг, кој ги вклучува нефинансиските обврски на претпријатијата и домаќинствата, довел до вкупен пад во 2021-ва за 6 процентни поени, на 153 отсто од БДП-то.
Падот на јавниот долг за 4 процентни поени, на 96 отсто од БДП-то, е највисок во повеќе од последната деценија, се наведува во извештајот.
Необично големите промени во обемот на долгот, ткн „глобална лизгалка на долгот“, се предизвикани од економското закрепнување по кризата со Covid-19 и брзиот раст на инфлацијата, соопштија од ММФ.
Динамиката на долгот силно варирале меѓу групите земји. Напредните економии оствариле најголем пад на долгот, при што јавниот и приватниот долг во минатата година паднале за по 5 отсто од БДП-то, а следат сличните резултати во земјите со пазари во формирање, исклучувајќи ја од оваа група Кина.
Меѓутоа, во земјите со ниски приходи уделот на вкупниот дол продолжил да расте во 2021 година, поттикнат од поголемиот приватен долг, а притоа вкупниот долг достигнал 80 отсто од БДП-то.
Пауло Медас, кој го следи фискалниот монитор на ММФ, вели дека нивоата на долгот во земјите со ниски приходи сега се на највисоките нивоа по намалувањето на долгот во 1990-те и раните 2000-те години.
Сѐ поголемата загриженост за способноста на земјите со ниските и средни приходи да ги вратат своите долгови, при што се процените дека 25 отсто од земјите со пазари во формирања и повеќе од 60 отсто од земјите со ниски приходи се наоѓаат во должничка криза или близу неа.
Од ММФ предупредуваат дека управувањето со долгот ќе биде сѐ потешко, доколку изгледите продолжуваат да се влошуваат, а трошоците за задолжување и натаму продолжат да растат. Се смета дека владите би требало да спроведуваат фискална политика којашто би им помогнало во намалувањето на инфлаторните притисоци.