Глупави се соопштенијата на СДС каде наводно се тврди дека се криела средба со бугарскиот премиер Главчев. Нема тајни средби на јавен настан пренесуван во живо.
СДС не треба да се грижи поминаа времињата кога премиерот Заев служеше за потсмев на меѓународна сцена додека тој самиот ја виткаше кичмата на Македонија и потпишуваше се што му ставаа на маса само за да го покрие криминалот на бате Вице и неговите блиски пајташи. Неговиот по криминал брат Филипче сега ја продолжува таа практика но за среќа прочитани се. Тие се грдото лице на едно поразено бреме.
Од СДСМ претходно обвинија дека додека бугарскиот премиер Главчев раскажал за средбата со Мицкоски пред медиумите, а Мицкоски не соопштил ништо за тоа.
„Дали Мицкоски го крие разговорот и се срами да соопшти како поминале неговите барања? Дали воопшто ги поставил барањата за промена на преговарачката рамка?
Дали било што од ветувањата кои ги даде пред граѓаните во кампањата го покренал како прашање? Или повторно, по веќе не знаеме кој пат од преземањето на власта, си ја подвиткал опашката? Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ требаше да го искористат самитот за зајакнување на македонските позиции во однос на Бугарија и Грција, но и други важни средби. Засега се што добивме се многу насмеани селфи фотографии од министрите, една веќе постоечка инвестиција и никаков успех на дипломатски план. ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува дека ништо од ветеното не планира да реализира ниту има капацитет за тоа“, рекоа од СДСМ.