Не само украинската војска, туку и странските платеници претрпуваат многу жртви во контраофанзивата на Киев, според рускиот претседател Владимир Путин. Офанзивата на украинската војска го окарактеризира како неуспешен.
Откако на почетокот од јуни започна долгонајавуваната украинска противофанзива , вооружените сили на Украина „веќе изгубија повеќе од 26.000 луѓе“, рече Путин во текот на состанокот со неговиот белоруски колега по должност Александар Лукашенко во неделата во Санкт Петербург.
„Што се однесува до странските платеници, тие исто така претрпуваат значителни загуби“ во текот на контраофанзивата, додал рускиот лидер.
Лукашенко посочил дека за тоа се виновни погрешните тактики, кои вклучуваат „одење во групи“. Путин се надоврзал велејќи дека тоа е „поради нивната глупост“.
Москва ќе се погрижи „јавноста во земјите чии влади испраќаат луѓе во воената зона“ да биде свесна што всушност се случува на бојното поле во Украина, вети рускиот претседател. „Ќе ги информираме луѓето за да можат да ги оценат постапките на нивните влади“.
Во саботата руското Министерство за одбрана соопшти дека околу 4.990 странски борци биле убиени од почетокот на руската воена операција во Украина во февруари 2022 година, при што приближно ист број од нив ја напуштиле земјата.
„Руските вооружени сили ќе продолжат со целното уништување на странски платеници на територијата на Украина“, беше предупредено.
Претходно овој месец, Министерството за одбрана тврдеше дека Киев ги интензивирал напорите да регрутира повеќе борци ширум светот поради недостигот од жива сила на боиштетот меѓу украинското население. Странските трупи најчесто се користат „како топовско месо за напади со жива сила“, се вели во објавата која им се обраќа на оние што размислуваат да дојдат во Украина.
Москва во текот на целиот конфликт предупредуваше дека платениците не се сметаат за борци според меѓународното право и „најдоброто нешто што ги чека доколку бидат фатени живи е судење и максимални затворски казни“.