Гневна толпа запали цркви во Пакистан поради наводно богохулство

Разбснета маса луѓе во Пакистан вандализирала цркви во христијански кварт во пакистанската покраина Пунџаб, соопштија во средата локалните власти.

Стотици муслимански верници тргнале во пресметка во кварт во христијанската населба Џаранвала во градот Фајсалабада во покраината Пунџаб, пренесува Reuters повикувајќи се на безбедносни извори. Насилството било поттикнато со обвинувања дека најмалку двајца христијани ја сквернавеле светата муслиманска книга Киранот.

Видо-снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат стотици мажи собрани пред црква извикувајќи слогани пшротив христијанската заедница. Пакистанскиот искуп Азар Маршал ја повика полицијата на помош.

„Додека ја пишувам оваа порака, ја палат зградата на црквата“, објавови бискупот на платформата Х.

Агенцијата AFP, според пакистански безбедносен извор, пренсува дека искрата на насилствата била запалена кога група муслимански фанатици обвинила едно христијанско семејство дека го сквернале Куранот.

„По социјалните мрежи се споделуваа фотографии од запален примерок на Куранот што ја разгорело толпата“, рекол за AFP, Рана Имран Џамил, портпрол на безбедносните служби во градот.

Според него, во безредијата биле запалени четири цркви, но нема дојави за повредени и настрадани.

Богохулсството е чувствително прашање во Пакистан и лицата обвинети дека сториле некој таков чин се цел на екстремистичките муслимански групи. Во некои случаи осомничените биваат убиени, запалени живи или измачувани до смрт.

Во еден такво случај од 2020 година пакистанско-американски државјанин беше убиен во судница во текот на судење. Во 2021 година државјанин на Шри Ланка е измачуван до смрт, бидејќи наводно ја навредил муслиманската вера.

Во Пакистан се проценува дека живеат околу два милиона христијани, или околу помалку 2 отсто од населението на оваа мнозинска муслиманска земја со над 241 милион жители од кои 96 отсто се муслимани, а 80 отсто го исповедаат традиционалниот облик на сунитскиот ислам.