ФОТО| Гневните бриселски селани го селат протестот кон институциите на ЕУ

Колони трактори беа изнесени на улиците на Брисел од страна на земјоделците рано во четвртокот за да извршат притисок на самитот на челниците на Европската унија да направат повеќе за да им помогнат на земјоделците со даноците, зголемените трошоци за производство и живот и евтиниот увоз.

Плоштадот пред Европскиот парламент, како и главните сообраќајници во Брисел, според проценката на полицијата, биле блокирани од 1.000 трактори, а се палеле огнови и беле фрлани петарди.

Земјоделците се жалат дека не се доволно платени, дека се задушени од даноците и зелените прописи, како и дека се соочени со нелојална конкуренција од странство. Тие веќе издејствуваа неколку мерки, вклучувајќи ги и предлозите на Комисијата за ограничување на увозот на земјоделски производи од Украина и ублажување на некои еколошки прописи за необработеното земјиште.

Иако кризата кај земјоделците официјално не е на дневен ред на самитот на ЕУ, но за неа секако ќе се разговара, барем на маргините. Додека сите очи се вперени кон Виктор Орбан, кого другите 26 лидери на ЕУ сакаат да го убедат на самитот да се приклучи на планот за финансирање на Украина, унгарскиот премиер преку ноќ одлучи да ги поддржи селаните.

„Мораме да најдеме нови лидери кои вистински ги застапуваат интересите на народот. Европската комисија треба да ги застапува интересите на европските селани против интересите на Украина, а не обратно“, рекол Орбан, цитиран од неговиот портпарол, мислејќи на изборите за Европскиот парламент.

Земјоделецот од бриселската област, Кевин Бартенс, во изјава за Reuters вели дека се надева оти тие вршат добар притисок и укажува на бројот „колкумина од нас се собраа овде и кога ќе ги видите протестите што се случуваат низ цела Европа, треба да се надевате дека овие луѓе гледаат дека земјоделството е неопходно. На крајот на краиштата, се работи за храна“, вели тој.

Во Франција, каде земјоделците протестираат со седмици, владата се откажа од плановите за постепено укинување на субвенциите за дизелот за земјоделските стопанства и вети поголема помош. Селаните велат дека тоа не е доволно, а протестите се проширија и во други земји, вклучувајќи ги Белгија, Италија, Шпанија и Португалија.

Протести низ Европа се одржуваат пред изборите за Европскиот парламент во јуни, на кои се предвидува голем успех на екстремната десница, за која земјоделците се електорат кој постојано се проширува. Во тој контекст земјоделците на трактори порачуваат „Ако ја сакате земјата, поддржете ги оние што управуваат со неа“ и „Без земјоделците нема храна“.