Жител на струмичкото село Ангелци бил крвнички претепан вчера од двајца кои ги затекнал како крадат ореви од негов орев, извести СВР Струмица. Полицијата поднела кривични пријави, но за разбојничка кражба, против тројцата осомничени за насилството – М.П. (23), О.П (38), Н.П (16), како и извештаи против две деца – на 14-годишна и на 12-годишна возраст.
Како што тврди полицијата, вчера З.Т. во својата нива ги затекнал 23-годишникот и 16-годишникот како крадат ореви, по што почнала расправија, а набргу пријавените заминале, но за кратко време се вратиле заедно со останатите против кои се поднесени кривични пријави и го претепале З.Т. со раце и со тврд предмет, нанесувајќи му притоа тешки телесни повреди.