Го изгубиле чувството за етика: Филипче му даде благодарница на Заев за донација во Струмица

Венко Филипче вчера на премиерот Зоран Заев му врачи благодарница за донација на семејството Заеви за реновирање на Институтот за трансфузиона медицина и раководителот на Служба за трансфузиона медицинa – Струмица.

Да беше оваа донација од граѓанин или приватна компанија, немаше да има ништо чудно во тоа да се додели благодарница.

Но, министер за здравство да даде благодарница за донација на премиер, е од една страна суетност, од друга лицемерие.

Од почетокот на пандемијата со коронавирус, Филипче и Заев не можат да се пофалат со ниту една добра мерка, решение или борба со која ќе се намалеше бројот на жртви и заразени лица. Заеднички им беше неуспехот и неспособноста навремено да набават вакцини и да го заштитат населението.

Но, сепак, Заев во целиот овој процес му го “чуваше грбот“ на Филипче, па дури и го награди со партиска функција. За возврат, Филипче очигледно барал начин да му се вовлече под кожа, па се симна толку ниско како министер да му дава благодарница на премиерот за донација во општината каде со години беше градоначалник, со години е премиер, а не му беше приоритет да помогне.

Двајцата се високо платени од џебот на граѓаните, па ако навистина сакаа нешто хумано да направат, имаа премногу прилики за тоа. Прилики кои ги пропуштија.