Скопјанец бил грабнат од улица и однесен во стан поради наводен долг, информираше МВР.
Според полицијата, А.К. (45) вчера во 10 часот во ПС Ѓорче Петров пријавил дека завчера во 9 часот бил грабнат од неколку непознати лица. Киднапирањето се случило на улицата Јуриј Гагарин, во населбата Карпош.
Киднаперите потоа го однеле во стан во населбата „Ѓорче Петров“ каде го држеле до вчера утрото. Тие му рекле дека должи пари, па затоа го чувале во станот. Околу 7.30 часот поради невнимание на едно од лицата, А.К. успеал да избега.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.