Го нападнале додека бил во своето возило и го ограбиле

Mу се доближиле четири лица и без повод и причина две од нив физички го нападнале удирајќи го со тупаници, а останатите две го искршиле стаклото од совозачката врата. Потоа од седиштето одзеле мобилен телефон марка „Ајфон 6С“ и веднаш побегнале од лице место.

МВР денеска соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.