Го пробола сопругот за да го заштити детето, со тешки повреди пренесен во болница

Кумановка го пробола сопругот, откако тој се обидел да го повреди нивното дете, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера во 22:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во селото Табановце, Кумановско, Ј.А.(23) при семејна расправија, со остар предмет нанела убодна рана на нејзиниот сопруг Љ.А.(25) од Куманово, кој, според пријавеното, се обидел да го повреди нивното дете – соопшти полицијата.

Мажот бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.