Андреја Јанков од иницијативата „Го сакам Водно“ на дебатата организирана од Град Скопје поради гасоводот посочи дека е направено вештачење на самата траса каде што се извадени 7.911 поеднични дрвја.
Јанков на дебатата организирана од Град Скопје поради гасоводот вели дека бенефитите на гасоводот воопшто не се спорни. Тој притоа рече дека нивното главно прашање е кои се бенефитите ако тој гасовод поминува низ заштитено подрачје односно парк шумата Водно.
„Ние бараме да се направи ревизија на проектот, да се репроектира трасата од Арачиново до Жеден и таа траса да не поминува низ парк шумата Водно. Немаме видено анализа да се споредат трасите. Ние бараме да не се оди низ заштитено подрачје туку бараме да се оди по земјоделско земјиште и пасишта“, рече Јанков.
Според него во континуитет се уништува зеленилотона Водно. Тој потенцираше дека има два парка паркови и зелени коридори, но притоа тука е и парк шумата Водно во овој момент функционира. Тој посочи дека парк шумата во 2002 година задоволувала 46 отсто од потребите за чист воздух но во меѓувреме населението на главниот град постојано расте додека шумата постојано се намалува.
„Да го напоменам само патот кон Собчев Град. Тука имаме само 50.000 метри квадратни само по пат. За изградбата на жичарницата 20.000 метри квадратни, кулата на АЕК има околу 2.500 метри квадратни, крстот на Водно зафаќа површина околи 350 метри квадратни. Гасоводната траса има 250.000 метри квадратни низ Водно. Со намалување на појасот на 15 метра ќе имаме 150.000 метри квадратни. Двојно повеќе од се’ што е досега качено на Водно“, посочи Јанков.
Оцени дека е грешка Водно да се гледа како само дрвна маса. Според него, Водно е еколошки ситем кој што е верижен и ако се извади една алка тој систем ќе биде срушен. Притоа Јанков истакна дека претходно се спомнало пошумување. Тој се запрашува како е тоа можно кога веќе се уништува појас кој е веќе пошумен и функционира на сметка на некое си идно пошумување кој никој не го гарантира во моментов.
Според него, за да се оствари она предвидено десектратно пошумување или ревитализација треба да се насадат 80 илјади нови садници. Оттука тој праша каде тие би се извеле дали на самата траса како што веќе се посочи.
„Трасата е проектирана на 25 метри ширина и тоа има причина зошто е тоа така. Таа магично се намалува на 15, па на 10, а сега на 5. Значи кои се вистинските бројки. Споредбата на Партизанска со должината на трасата и оваа со 9.3 како 2 Партизански. Трасата е земена Партизанска како пример. Моментално Партизанска е широка 30 метри, и исто така сакам да нагласам дека на изведени досегашни подрачја на гасоводната траса, ако се земе да се измери изнесува во просек околу 36 метри, а на места околу 46 метра ширина, што значи дека или не се придржувале на проектот или воопшто немале контрола на самото градилиште“ вели Јанков.
Според Јанков мораше ли да се дојде до степен со притисоци за да овој појас се намали. Тој го посочи делот кај Сопиште, но и дел од трасата која преставува високо ерозивно подрачје. Тој исто така кажа дека и решението за сеча која е сега издадено според студијата за оценка за влијание на животната средина е вон пропишаниот рок за сеча.