
Српската пејачка Гоца Тржан се омажи за своето долгогодишно момче Раша Новаковиќ, кој е 14 години помлад од неа. Тој е и тапанар во бендот кој ја придружува на нејзините настапи. На венчавката присуствувале членовите на семејството и пријателите на невестата и младоженецот, а свеченоста е одржана во еден ресторан на Дедиње, дознава српски „Курир“.
Гоца за свеченоста имала две вечаници. Нејзината ќерка Лана била деверуша, а младенците првиот танц го одиграле на песна од Стинг.
Воопшто немам трема пред свадбата. Јас сум повеќе возбудена пред моите настапи коишто ги имам деновиве. Раша и јас настапувавме пред некоја вечер, а и синоќа исто така имавме свирка, изјавила Гоца за српски „Курир“.