Гоца Тржан: Моето дете не знае кои се Цеца и Карлеуша

Гоца Тржан открива дека нејзината ќерка Лена не знае кои се Цеца и Карлеуша, додека пак, Наташа Беквалац, случајно ја запознала.

Имено, пејачката тврди дека својата ќерка ја држи подалеку од естрадата и дека не дозволува програмската содржина на телевизија да влијае на нејзиното воспитување.

„Мојата Лена не гледа телевизија, не знае кои се Светлана Ражњатовиќ или Јелена Карлеуша, но знае која е Наташа Беквалац бидејќи се запозна со нејзината ќерка Хана. На моето дете не можат да влијаат сцените од реалните шоуа, бидејќи таа нив нема каде да ги види“, вели Тржан.

ceca-jelena-natasa-foto-kurir-1426030099-624380

Во разговорот, таа додава дека не планира да биде бремена невеста.

„Свадбата може да биде овој септември, а може и следниот бидејќи временски не сум ограничена. Вештачкото оплодување го планирам по веначвката бидејќи не сакам да бидам бремена невеста. Ќе се омажам во Србија бидејќи не сакам да малтретирам 400 луѓе да патуваат поради веселба“, додава Тржан.