Поранешниот репрезентативец на Македонија, Гоце Седлоски се очекува да биде назначен за нов спортски директор на фудбалскиот клуб Вардар.
Според последните информации од таборот на „Црвено-црните“ поголемиот дел од условите за работа се договорени и Седлоски во најскоро време ќе биде промовиран на новата функција.
Гоце Седлоски го напушти тренерското столче во Хоризонт Турново и конкурираше за селекторската позиција на младинската репрезнетација на Македонија но откако таа функција барем привремено ја доби Саша Ќириќ, поранешниот стопер се одлучил да ја прифати понудата од амбициозниот скопски тим.