Штотуку изминатата 2020 година заедно со 2016-та се најтоплите години од почетокот на мерењата, објави климатската служба на Европската унија во петокот, а планетата Земја и натаму била на патот на брзото загревање што би можело погубно да влијае врз човештвото.
Шесте години од 2015-та се најтоплите шест години од почетокот на ваквите мерења, како што беа и 20 од изминатие 21 година, што е доказ за континуитет на трендот, извести Службата за климатски промени Коперникус.
Минатогодишниот рекорд од 1,25 Целзиусови степени во однос на прединдустриската ера со тоа е уште позагрижувачки, бидејќи се случил без помошта на периодочните климатски појави познати како Ел Нињо, што во 2016 година додавало две десетини од степено на просекот за 2016-ѕа, според податоците на американската агенција за вселенски истражувања NASA и Британскиот метеоролошки завод.
„Многу е јасно дека, во отсуство на влијанието на феномените Ел Нињо и Ел Ниња врз годинишните температури, 2020 година ќе биде најтоплата од почетокот на мерењата“, вели за AFP Зеке Хаусфатер, директор на одделот за клима и енергијa при Институтот Бриктруф во калифорниски Окленд.
Ве текот на феноменот Ел Нињо, кој се случува на секои две до седум години, топлите површински води во тропскиот дел на Тихиот Океан може да ги зголемат глобалните температури. Од друга страна, феноменот Ел Ниња, како овој кој во моментов е во тек, има спротивен ефект на ладење.
„Изминатата 2020-та се издвојувам по извонредните горештини. Тоа е уште еден потсетник на итноста од амбициозен план за намалување на емисиите (на стакленичките гасови) за да се спречат погубните последици врз климата во иднина“, вели директорот на Службата за климатски промени Комерникус (C3S), Карло Буонтемпо.
Во 2015 година земјите во светот на самитот во Париз се обврзаа да го ограничат растот на глобалните температури на под 2 Целзиусови степени, а по можност и на под 1,5 Целзиусови степени. Извештајот на Обединетите нации потоа дефинираше дека 1,5 Целзиусови степени е „сигурен праг“.
Со малку над еден Целзиусов степен загревање досега, светот е соочен со наплив од смртоносни суши, топлотни удари, дождови кои предизвикуваат поплави и супербури кои стануваа поразорни поради растечкото ниво на морињата.
Во 2020-та забележан е рекорден број урагани на подрачјето на Атлантскиот Океан, толку голем што Светската метеоролошка организација (WMO), којашто ги именува по азбучен ред и со додавки за јачините, повеќе немаше букви на располагање.
Некои области во светот минатата година се соочиле со загревање значително поголемо од глобалниот просек, според извештајот на Коперникус кој се заснова врз сателитските податоци.
Просечните површински температури во Европа во 2020-та пораснале за 2,2 Целзиусови степени над прединдустриските новоа и речиси за половина степен Целзиусов над просекот од претходната 2019 година, којашто беше рекордната до тој момент.
Загревањето во областа на Арктикот било дури и поспектакуларно и на северот на Сибир и во делови, и во деловите на Арктикот се забележани 7 Целзиусови степени над новото на температурите забележани кон средината на XIX век. Шумските пожари во Сибир кои продолжија до есента, ослободиле рекордни четврт милијарди тони јаглерод диоскид во атмосферата што одговара на годишната емисија на Шпанија, Египет или Виетнам или третина повеќе отколку во 2019 година која дотогаш беше рекордната.
Новоата на јаглерод диоксид во атмосферата на Земјата достигнале рекордно ниво од 413 честички на милиони, речиси 50 отсто повеќе отколку на почетокот од XVIII век, пред согорувањето на фисилните горива започнало да емитира гасови кои ги предизвикуваат ефектот на стаклена градина во атмосерата, пишува C3S.
Овие нивоа без преседан се достигнати и покрај падот од седум степени во емисиите поради пандеијајта и последиците од затвоврањата на стопанствата и сообраќајот во светот.
„Имајќи предвид дека јаглерод диоксидот се акумулира во атмосферата како водата во када, намалувањето на протокот на водата низ чешмата за седум отсто резултира со тоа што нивото CO2 расте само малку побавно. Мораме потполно да ја затвориме чешмата за повторно да постигнеме одржлива клима“, вели за AFP Стефан Рампшторф, шеф на одделот за аналитика во Институтот за климатски промени во Потсдам.
Глобалните емисии упорно се зголемуваале во текот на целата 2019 година и останува нејасно дали човештвото ќе се врати на животот „по старо“ или ќе започен да го намалува загадувањето со јаглерод доволно брзо за да ги избегне катастрофалните последици по климата.
Дури и долку државите ги исполнат ветувањата од Парискиот климатски договор, планетата и натаму би се загреала за повеќе од 3 Целзиусови степени до крајот на векот.
„Светот се загрева со континуирано темпо од околу 0.2 Целзисуви во секоја деценија од 1970-те години порадо човечките емисии на јаглерод диоксид и другите стакленички гасови. Доколку продолжиме со сегашното темпо ќе го надмимеме прагот од 1,5 Целзиусови степени кој средината на 2030-те“, предупредува Хаусфатер.