Годината ќе почне со нов инвестициски бран – неколку странски компании влегуваат во Македонија

Македонија ја завршува годинава и ќе ја почне идната со нов инвестициски бран. Слободните економски зони и индустриските зони се полнат со фабрики, се зголемува вработеноста, се потпишуваат договори со нови странски компании кои донесоа одлуки да вложат капитал во земјава. Нови деловни планови имаат и компаниите кои веќе работат во зоните, а планираат да го прошират производството, пишува „Лидер“.

Порталот ја пренесува изјавата на Филип Ван Хул, сопственикот на белгиската фабрика за производство и за извоз на автобуси.

Ни се допаѓа владиниот пристап кон бизнисот. Имаме директна комуникација со надлежните и кога постои одреден проблем, тој веднаш се решава. Бизнис – климата е многу позитивна. Веќе работиме со полн капацитет, а стартувавме и нова инвестициска програма, па планираме и во иднина да вложуваме во Македонија. Во меѓувреме, убедивме и други белгиски компании да дојдат во Македонија, а некои од нив веќе одлучија да инвестираат. Имаме ист менталитет и ми се допаѓа што во Македонија има квалификувани работници, вели Ван Хул.

Во јануари нови договори – се отвораат 1.500 работни места

До средината на јануари треба да се потпишат договори за инвестирање со уште 7 компании, а новиот инвестициски циклус треба да отвори 1.500 работни места.

Домашната компанија „Хајтек“ влегува во слободната економска зона Бунарџик
Домашната компанија „Хајтек“ влегува во слободната економска зона Бунарџик

Како што деновиве инфромираше премиерот Никола Грусвки, компанија од Калифорнија за производство на софтвер планира да вложи 13,5 милиони евра во Македонија и да отвори 250 работни места. Во земјава ќе влезат уште три германски компании, едната за производство на лед светилки, другата од автомобилскиот бизнис, третата од машинската индустрија. Во битолско Кравари се отвора фабрика за чипс, инвестиција на Македонец повратник од Австралија, а во овој регион ќе влезе и уште една турската инвестиција.

Има интерес за условите што ги нуди Македонија, како ниското даночно оптоварување, добрите административни услови, ослободувањето од даноци во делот на зоните, квалитетната работна сила, добрата логистика и инфраструктура што ја нуди нашата земја. Ние во континуитет спроведување реформи кои имаат за цел подобрување на бизнис – климата, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Зоните се отворија за домашните компании

Освен со странски…