![132643562 мерката](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/132643562.gif?resize=640%2C363&ssl=1)
-Со последната група за оваа година се заокружува бројка од 5.200 пензионери кои преку овој проект заминале на бања. Вкупно од 2010 година кога започна овој проект бројката е 38.000. за наредната година како што сум информиран резервирани се средства во буџетот за нови 5.500 пензионери, истакна Груевски.
Подвлече дека целиот овој период од 2010 година па се до денес, има огромен интерес и наидува на големо задоволство кај пензионерите од начинот на кој се спроведува.
-Анкетите кои подоцна ги прави Министерството за труд укажуваат дека е многу висок процентот на пензионери кои се многу задоволни од мерката и би сакале повторно да ја искористат, заклучи Груевски.
Превземено од: Курир