Годинава Арктикот го имал најтоплото лето откако се спроведуваат мерењата

Извештајот на американската државна агенција за климатизација (NОАА) покажува дека Арктикот оваа година  го забележал најтоплото лето откако се бележат мерењата.

Регионот околу Северниот пол имал највисоки летни температури, објавија научниците на NOAA во својот годишен извештај, предупредувајќи дека тоа е знак за „забрзување на климатските промени“.

Највисоката точка на ледената покривка на Гренланд се стопила по петти пат во последните 34 години од собирањето податоци, а површината на мразот продолжи да се намалува.

Гледајќи го нивото на целата година, 2023 година беше шестата најтопла година откако се спроведуваат мерењата.

Истражувањето, објавено во оваа форма по 18-ти пат, го подготвија 82 научници од 13 земји.