Годинава ќе пристигнат 33 нови еколошки автобуси  

Од Град Скопје соопштија дека во 2020 година треба да пристигнат 33-те нови еколошки автобуси на гас (21 нископоден и 12 зглобни), каде што најголемата предност е што емитуваат значително помалку јаглерод диоксид или речиси воопшто не го загадуваат воздухот.

– Годинава треба да пристигнат 33 нови еколошки автобуси на гас (21 нископоден и 12 зглобни), каде што најголемата предност е што емитуваат значително помалку јаглерод диоксид или речиси воопшто не го загадуваат воздухот-истакна скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својата фејсбук-страница, додавајќи дека ова е само дел од тоа што го очекува Скопје во новата година.

Споредено со потрошувачката на старите дизел-автобуси, овие автобуси трошат речиси двојно помалку гориво што дополнително треба да ги намали трошоците на работењето на ЈСП „Скопје“.

Покрај завршувањето на четирите големи булевари, годинава ќе започне и втората фаза за изградба на булеварот „АСНОМ“, а тоа значи и изградбата на мостот на реката Вардар.