![133563281 подземни](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/133563281-13.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Трајановски упати апел до сите граѓани, правилно да ги користат подземните контејнери да не го оставаат ѓубрето до нив и да не ги оштетуваат. Посочи дека до сега во Скопје такви контејнери се инсталирани на 42 локации. За оваа година најави дека ќе бидат инсталирани уште 12 по 3 контејнери во 4 општини.
Со подземните контејнери Скопје има многу придобивки: отпадот е под земја и исклучена е можноста за ширење на миризба. Контејнерите собираат многу отпад а и горниот дел од нив е убаво инсталиран.
Инсталирањето на подземните контејнери е проект на град Скопје и заедно со комунална хигиена и општините.