Граѓаните оваа година нема да добијат уште еден час плус евтина струја, останува временскиот период од 13 до 15 часот, изјави претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
Воведувањето на уште дополнителен еден час евтина тарифа ќе се одложи за наредната година. Бидејќи цената на струјата на берзите е многу висока. Тој исто така информираше дека до следното лето цената на парното нема да се зголеми
„Но, кога разговараме за воведување на евтина тарифа, за жал од 20 до 24 часот, цените се убедливо високи во сите останати периоди и во евтина и во скапа тарифа. И доколку би го следеле пазарот, воведување на евтина тарифа би било од 12 до 16 часот, но ќе треба оваа евтина тарифа што ја имаме од 22 до 24 часот, кога имаме реално високи цени, да се укине.
Ние како РКЕ од воведувањето на евтината дополнителна тарифа нема да се откажеме, ќе ги следиме случувањата, но не сакаме да предизвикаме дополнителни проблеми пред се во ЕСМ, затоа што зголемената потрошувачка во дневна евтина тарифа ќе треба да се надомести од некаде. Разговаравме со ЕСМ и со ЕВН Хоум, немаат забелешки и тие се за дополнителен час евтина тарифа, заеднички заклучивме дека ќе ја следиме сутацијата имајќи предвид дека ќе имаме сериозни најави за зголемување на електирчната енергија од јануари“, изјави Бислимоски.
„Ние сме единствена земја во регионот со евтина енергија преку ден и верувам дека ќе воведеме дополнителен час кога ќе се создадат услови. Ако ја прекинеме евтината струја од 22 до 24 часот, нема да биде прифатено поради навиките на граѓаните. Реално ако тие ги ставиме во скапа тарифа, граѓаните ќе имаат помалку бенефит“, дополни претседателот на РКЕ.