Годишен концерт на Градскиот мешан хор Вардар „Македонски хорски мајстори“

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечер ќе одржи годишен концерт со наслов „Македонски хорски мајстори“.

На програмата претежно ќе бидат застапени дела од македонски хорски композитори, со што хорот ја продолжува заложбата за презентација на богатото македонско хорско творештво, стои во соопштението на организаторите.

Концертот ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност со почеток во 19.30 часот, под диригенство на маестра Јасмина Ѓорѓеска Каро.

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје во изминатиот период од 24 година во континуитет и со голем ентузијазам неуморно работи и ја презентира хорската музика, како во нашата земја, така и во странство постигнувајќи успеси и добивајќи значајни признанија и награди.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Македонија.

Фото: хор „Вардар“