Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“, соопштија од Народната банка на Македонија.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 6,8%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај секторот „домаќинства“.