Инфлацијата во 19-те земји од еврозоната на годишно ниво, според прелиминарните процени, остро забрзала во октомври до рекордните 10,7 отсто од 9,9 проценти еден месец порано, покажуваа податоците на европската статистичка агенција Eurostat објавени во понеделникот.
Претходно аналитичарите анкетирани од порталот DailyFX, очекуваа дека стапката на раст на инфлацијата на годишно ниво во зоната на користење на единствената европска валута ќе забрза најмногу до 10,2 отсто.
Со тоа, прелиминарно пресметаната стапка на инфлацијата во еврозоната повторно го обвини својот максимум за целата историја на валутниот блок.
Една година претходно инфлацијата во еврозоната изнесуваше само 4,1 отсто на годишно ниво.
Само во октомври годинава потрошувачките цени во еврозоната, според прелиминарните процени, пораснале за 1,5 отсто. Истовремено, базичната годишна инфлација забрзала на 5 отсто од 4,8 проценти во септември.
Највисоката стапка на инфлацијата на годишно ниво во октомври е забележана во Естонија од 22,4 отсто, во Латвија со 21,8 и Литванија со 22 отсто, додека најниска забележале Франција со 7,1 Шпанија со 7,3 и Малта со 7,5 отсто.